ВМРО-ДПМНЕ објави документи за аферата со кинеските вакцини: На фантом фирма со тројца вработени ѝ префрлиле 12.5 милиони долари

Додека цел свет купува кинески вакцини за максимум 30 долари Заев и Филипче платиле 62.5 евра. Или што би се рекло на струмички 30 за „Синофарм“, 30 за Вицето, вели пратеникот Лефков.

1,335

Фантом фирмата „Стабри интернешенал“ преку која Заев и Филипче сакале да книжат провизии од кинеските вакцини е регистрирана само 3 месеци по формирањето на владата на Зоран Заев во 2017 година. Ова се документи од Централниот регистар на Хонг Конг од кои се гледа дека таа е формирана на 22 септември 2017 година, обелодени Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– На фантом фирмата „Стабри интернешенал“ според нашите документи и се префрлени 12.5 милиони долари за 200.000 вакцини, односно Заев и Филипче на оваа фирма и платиле 100 отсо повисока цена од највисоката цена за која се продавани кинеските вакцини. Имено додека цел свет купува кинески вакцини за максимум 30 долари Заев и Филипче платиле 62.5 евра. Или што би се рекло на струмички 30 за „Синофарм“, 30 за Вицето. Како „Стабри интернешенал“, фирма која има само тројца вработени, а ова се документите кои го потврдуваат тоа, како успева да го убеди Филипче дека ќе набави кинески вакцини, кое е портфолиото на фирмата и дали тој ја истражил истата пред да стапи во соработка?! – праша Лефков.






Пратеникот објави и документи.

– Од документите кои ги имаме се гледа дека фирмата е формирана со само 10.000 долари основен капитал, односно 1.000 евра. За јавноста да сфати, ова е единствената гаранција која истата ја има и е јавно достапна, а е депонирана како основачки капитал. Според информациите од Централниот регистар истата нема други средства. Очекуваме ЈО да ги земе предвид сите документи и информации објавени во медиумите, како и овие денес, и да ја отвори истрага веднаш. Љупчо Николовски наместо да мачка путер, заедно со Заев и Филипче да си дадат оставки веднаш – рече Лефков.

Поврзани содржини