Како судечки совет сметаме дека нашата одлука е правилна и праведна. Дали е таа вистински така, дали е одмерена и соодветна за обвинителството, тоа се прашања на кои одговор ќе дадат повисоките судови. За мене лично е неприфатлива онаа политичка еуфорија и геополитички триумфализам по објавата на пресудата за Мијалков“, изјави за емисијата „Трилинг“, судијата Владимир Туфегџиќ.
Спред него, тие не направиле ништо што е невообичаено.
– Ние како судечки совет не постапуваме како истражен орган. Значи надлежното ЈО нас како судечки совет со ништо не ни најави дека постојат индиции или опасност од бегство на Мијалков – вели судијата и додаде:
– Точно е дека се стекнува впечаток дека се случило нешто несекојдневно, дека се случило нешто што досега е невидено. Општ е впечатокот дека наеднаш лицето се појави, меѓутоа одговорите треба да ги даде независната истрага.