Антикорупциската комисија на денешниот колегиум донела одлука со која ќе почнат постапка на прибирање на податоци и информации за да утврдат кои се основите за постапување на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) во случајот со постапката за набавка на вакцини од кинескиот производител Синофарм, објави Радио Слоодна Европа.
– Според мене во оваа ситуација треба да се вклучат и другите органи како Јавното обвинителство. Ние се договоривме да собереме доволно информации да ги разгледаме околностите и потоа ќе одлучиме како ќе постапуваме понатаму во зависност од тоа што ќе добиеме како информација – изјави за РСЕ претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска.
Ивановска претходно во интервју за ТВ24 рече дека во ДКСК биле изненадени од „информациите дека постоел неорганизиран процес за набавка на вакцините“.