Народна банка ја намали основната каматна стапка на 1,25 отсто

Од Централната бнака велат дека на овој начин ќе се помогне економијата со дополнително олабавување на условите за кредитирање.

497

Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка ја намали основната каматната стапка на ниво од 1,25 отсто што е намалување за 0,25 процентни поени.

Во образложението од Централната банка велат дека одлуката за понатамошно монетарно олабавување се носи во услови на стабилни движења на девизниот пазар и умерена динамика на инфлацијата, а додека сѐ уште постои неизвесност за здравствената криза и влијанието врз патеката на закрепнување на економијата.






Во прилог на одлуката е и понагласениот приспособлив карактер на ЕЦБ заради одржување на поволните финансиски услови во подолг период.

– Натамошното олабавување на монетарната политика е заради дополнително олеснување на финансиските услови и натамошна поддршка на домашната економија, имајќи го предвид тековниот развој на пандемијата, којашто сѐ уште трае – велат од НБ.

Комитетот оцени и дека ослободената ликвидност изминатата година од вкупно 15 милијарди денари преку основниот инструмент на Народната банка е соодветна, при што се одлучи на аукцијата што ќе се одржи денеска да се понудат благајнички записи во непроменет износ од 10 милијарди денари.

Понатамошното олабавување на монетарната политика се очекува да придонесе за намалување на цената на финансирање преку кредити од банките и натамошна кредитна поддршка на приватниот сектор, заради ублажување на ефектите од пандемијата врз домашната економија.

 

Поврзани содржини