Колку пари му оставила принцезата Дијана, од кои Хари и Меган живееле по напуштањето на кралското семејството

15,369

Интервјуто на принцот Хари и Меган Маркл со Опра Винфри, кое се емитуваше на Си-би-ес на 7 март, беше полно со бомби – од Меган која откри дека се борела со самоубиствени мисли поради бесните извештаи на таблоидите за неа, до Хари кој раскажа дека побарал од неговото семејство и му била одбиена каква било помош за справување со лудилото што го пласирале медиумите…

Хари во интервјуто исто така потврди дека биле целосно финансиски отсечени откако донеле одлука да се повлечат од функцијата постари кралски членови. Како резултат на тоа, рекол Хари, тој и Меган морале да се издржуваат, и тоа го направиле главно со помош на наследството што му го оставила неговата мајка, принцезата Дијана, по нејзината смрт во 1997 година.






Крајот на кралската финансиска поддршка на Хари и Меган се случил во „првиот квартал од 2020 година“, рекол Хари во интервјуто кај Опра, набрзо по нивното соопштение во јануари истата година дека одлучиле да се повлечат од своите кралски должности.

„Но, го добив тоа што ми го остави мајка ми, и без тоа, не ќе можевме ова да го направиме“, продолжил Хари, а потоа истакнал дека ова наследство од Дијана како дека било претчувство, особено во светлото на нејзината сопствена борба со британскиот печат и кралското семејство.

„Осврнувајќи се на она што го прашавте за тоа што би мислела мајка ми за ова, мислам дека таа виде дека ќе дојде до тоа“, рекол тој. „Секако го чувствував нејзиното присуство во текот на целиот овој процес.

Хари доби пристап до неговото наследство од принцезата Дијана во 2014 година; и тој и  неговиот брат Вилијам добија по 10 милиони фунти – во моментот околу 13,8 милиони американски долари – фондови до кои можело да се пристапи само кога ќе наполнат 30 години.

Тоа веројатно не биле единствените пари со кои Хари и Меган морале да се издржуваат сè додека не биле во можност да ги склучат своите нови и профитабилни зделки со „Спотифај“ и „Нетфликс“. Хари исто така добил уште едно повеќемилионско кралско наследство: Неговата прабаба кралицата мајка им оставила нему и на Вилијам околу 14 милиони фунти (19,3 милиони долари) да ги поделат меѓусебно, а Хари ќе добие поголем удел бидејќи нема да има пристап до многуте финансиски придобивки што доаѓаат со тоа да се биде крал. И, Меган, од своја страна, се проценува дека влегла во кралскиот брак со околу 5 милиони долари на нејзино име, благодарение на нејзината долгогодишна улога во серијата „Костуми“ – и преостанатите чекови од стриминг услугите.

ФОТО: Фејсбук

Поврзани содржини