Рускиот амбасадор нема да се вакцинира со „Спутник В“од првата пратка

1,683

Амбасадорот на Руската Федерација во земјава Сергеј Баздникин нема да се вакцинира со вакцина од првата пратка „Спутник В“ што денеска пристигна на Скопскиот аеродром.

Тој очекува, како што рече, друга пратка „Спутник В“ наменета за Амбасадата.






– Ќе се вакцинирам штом ќе се појави можност. Овие вакцини се наменети за македонските граѓани. Јас се надевам дека ќе добијам пратка од вакцините „Спутник“ за Амбасадата – рече Баздникин, одговорајќи на новинарско прашање по пристигнувањето на вакцините.

Баздникин лично се ангажираше во набавката на руските вакцини „Спутник В“ за земјава.

Поврзани содржини