Спасовски: Кога ќе има законска можност ЈО ќе информира за случајот Мијалков

Министерот за внатрешни работи рече дека јавното обвинителство целосно ја води истрагата заслучајот на бегство на Мијалков.

337

Целосно се води истрага во рамки на Јавното обвинителство, сите активности што сме задолжени да ги спроведеме, да прибавиме докази итн, ги пријавуваме и ги доставуваме до Јавното обивнителство, изјави денеска министерот за вантрешни работи Оливер Спасовски во случајот на бегството на Сашо Мијалков.

– Кога ќе има законска можност да бидат споделени со јавноста овие детали, сигурно дека тоа ќе биде направено – одговори Спасовски на новинарско прашање до каде е постапката со Сашо Мијалков, министерот Спасовски, кој утрово е во посета на Секторот за внатрешни работи Куманово и на увид во градежните активности на објектот.

Поврзани содржини