Кипарската православна црква изразила противење поради песната претставник на таа земја на овогодишното натпреварување на Песната за Евровизија, бидејќи, како што тврди, ја глорификува Сатаната.
Црквата и Владата на таа земја влегле во спор околу песната што ќе ја претставува таа земја на Евровизија во мај во Ротердам.
Песната го носи шпанското име „El Diablo“, што значи ѓавол, а ја изведува грчката пејачка Елена Цагриноу. Досега онлајн петицијата за нејзиното повлекување ја потпишале 16.500 луѓе.
„Ова е глорификација на фаталистичкото верување и потчинување на ѓаволските сили“, соопштил Светиот синод на Кипарската православна црква и ја повикал Владата да го искористи своето влијание за да се повлече песната од натпреварувањето.
Владините службеници одговориле дека го почитуваат ставот на оние кои не се согласуваат со песната, но дека нејзино повлекување не доаѓа во предвид.
„Владата почитува креативни, интелектуални и уметнички слободи кои не може да бидат погрешно интерпретирани или ограничени поради име на песна“, рекла портпаролката на Владата Викториас Пападопулос.
Автори на песната „Ел Диабло“ се Џими Торнфелд, Лорел Баркер, Окса и Томас Стенгард.
View this post on Instagram