Народен правобранител: Претставките поврзани со пописот се поднесуваат електронски
Народниот правобранител, соопшти дека ќе го следи целиот процес на реализирање на пописот.
Секој граѓанин кој смета дека му е прекршено некое право поврзано со пописот може електронски да поднесе претставка до Народниот правобранител, информираа оттаму.
Адресата за претставките е [email protected].. Народниот правобранител по поднесената претставка ќе ја спроведе потребната постапка и за исходот ќе го информира подносителот.
Нродниот правобранител, додаваат оттаму, активно ќе го следи процесот на спроведување на Пописот 2021 година, за целиот период на неговото времетраење и тоа од 1 март до 21 април.