Осуден грчки неонацист се крие во манастир во Србија, а во Македонија влегол маскиран како монах
Според претпоставките на грчките служби, 59-годишниот Папас успеал да избега од Грција во октомври минатата година, кога бил осуден на 13 години затвор за управување со криминална организација, објавија медиумите во Атина.
Грчките власти ги истражуваат информациите дека поранешниот пратеник на екстремната десница, Христос Папас, по кого трага полицијата откако беше осуден за учество во неонацистичката организација „Златна зора“, избегал во манастир во Србија, а поминал преку Македонија преправен во монах.
Според претпоставките на грчките служби, 59-годишниот Папас успеал да избега од Грција во октомври минатата година, кога бил осуден на 13 години затвор за управување со криминална организација, објавија медиумите во Атина.
Според нивните информации, истрагата се фокусирала на некои манастири во Србија, тесно поврзани со малото грчко крило на „старокалендарци“, кои за разлика од официјалната грчка црква, не го признаваат грегоријанскиот календар.
Истите медиуми јавуваат дека Папас ја преминал границата меѓу Грција и Македонија под лажно име, маскиран во монах, поради што минатата година пуштил брада, пренесе агенцијата Бета.