Почина пејачката Марина Пухариќ

Ќе останат запаметени нејзините композиции: „Мојот разбој“, „Мојот сон “, интерпретациите на традиционалните песни: „Зошто ми се срдиш либе“, „Дали го видовте“, „Кажи Анѓо, кажи душо“,  како и песните од забавната музика: „Си одиш ти од мене“ „Есенска елегија“, „Биди насмеан“,  „Помина време“.

9,363

На 66 годишна возраст вчера почина пејачката Марина Пухариќ. Посмртните останки на Марина Пухариќ ќе бидат изложени утре во капелата на гробишта во Бутел од 13.30 до 14 часот.

Марина Пухариќ е пејачка на народна, староградска и забавна македонска музика. Ќе останат запаметени нејзините композиции„Мојот разбој“, „Мојот сон “, интерпретациите на традиционалните песни„Зошто ми се срдиш либе“, „Дали го видовте“, „Кажи Анѓо, кажи душо“,  како и песните од забавната музика„Си одиш ти од мене“ „Есенска елегија“, „Биди насмеан“,  „Помина време“.






Има соработувано со композиторите Љубомир Бранѓолица, Ванчо Димитров, Јанко Узунов… Беше дел од групата „Македонија“,  како и од женската пејачка група „Сирма“. Талентот го имаше наследено од својата тетка, Нина Спирова.

Целиот свој работен стаж, Марина Пухариќ освен во музиката, го посвети и како наставничка по предметите физика и хемија.

 

Поврзани содржини