За поддршка на плати во февруари и март 1,92 милијарди денари за 60.000 работници

Мерката, како што рече Заев, е опциска, односно компаниите ќе може да ја користат или неа или втората мерка – за кредити со нула проценти камата.

316

Со петтиот антикризен пакет, за поддршка на плати во февруари и март 2021 година се обезбедени 1,92 милијарди денари. Со оваа прва мерка ќе бидат опфатени околу 60.000 работници месечно, а поддршката ќе биде скалеста во износ од 14.500 до 21.776 денари, информира премиерот Зоран Заев при денешното презентирање на петтиот  сет на мерки.

Мерката, како што рече Заев, е опциска, односно компаниите ќе може да ја користат или неа или втората мерка – за кредити со нула отсто камата во дејностите туризам, занаетчиство, угостителство, индустрија за организирање настани, транспорт, првиатни здравствени установи.






– За втората мерка се проектирани 615 милиони денари или 10 милиони евра и за неа може да се аплицира во 2021 година. Средствата ќе се реализираат преку Развојната банка. Компаниите во зависност од вкупниот  поголемиот обем на работа и зголемената добивка ќе можат да добијат скалесто неповратен кредит од 30 до 50 проценти од самиот кредит- рече Заев.

Премиерот рече дека мерката за плати е последна која ќе се добива годинава од страна на компаниите кои забележале пад поголем од 30 отсто.

Компаниите кои ги злоупотребија државните субвенции добиени во претходните пакети нема да можат да конкурираат за мерките од петтиот пакет.

Поврзани содржини