Кучиќи и вучиќи

13,697

Само малициозните и од срам непелцувани Македонци му најдоа замерки на Вучиќ за комичната парада на Табановце.

Донел „само” 4.600, а вети 8.000 вакцини.






Кутијата била мала.

Температурата била спорна.

Дали се „фајзерки” или фејкерки?

На братот Зоки му рече „доста”.

Заев кажа дека е горд што Северна Македонија станала членка на НАТО, а братот Вучиќ му ја скрши кичмата, возврати дека Србија е горда што не е членка на НАТО.

Сакаше ли Вучиќ да каже – а што не ви даде НАТО вакцини?

Не рече… Јербо, ондак би Зајев морао да прича српски. Да га цео свет разуме. А то би трајало дугачко. Одозгора на тога, Аца се био смрзо.

Можда је Зајев носио ѕивре испод пачавицама?

И беше краток Вучиќ. Ал’ јебитачан.

Велат, Вучиќ е диктатор, Заев е демократ. А ние, како што своевремено рече и подвлече другарот Јовановиќ, директно од првата борбена линија, примаме вакцини само од демократски земји.

Ние сме фраери. Ем лимонтабатлии.

Е сега… Откако нè разочара ко-ва(к)с-јебе системот, примаме и од други демократски земји. Од Кина, на пример.

Како и да е, јас немам замерка за Вучиќ. Имам мислење за човекот, се разбира, ама тоа би станало важно само ако еден ден добијам српски пасош, ако гласам во Ристовац или евентуално, ако редовно пазарам во Врање. Сè додека српската внатрешна политика не почне лично да ме засега, за мене Вучиќ ја претставува соседна, пријателска Србија.

И ако човекот ете успеал да ни стане баш брат со еден пакет вакцини, може само да се каже – алал вера!

А и реално, малку ли се? Колку се 4.600 во споредба со нула?

И уште пореално – камо пакетче од ЕУ? Камо од Бугарија? Камо од Грција? Камо…

Кога може Заев да цвили ко кутре за вакцини, за да ја покрие неспособноста на својата влада, зошто да не може Вучиќ да му каже „доста е, Зоки”? Лепо жвалавиш, брате, ал хладно је!

Та не дојде Вучиќ во неделата, среде неработен ден, во завеана и одвеана Македонија, да слуша како Заев ожлембан држи триумфални говори, на оној студ и мраз!

Јес да је фаза жута, ал’ то не значи оно што ми мислимо да значи.

Редот мора да се знае. Тој што дава, тој е ѕвезда, другарчиња. А не оној што бара милостиња.

И тако то… У политици, као и у животу, неки су кучиќи, а неки су вучиќи.

 

Поврзани содржини