Имунолог ја открива предноста, но и мааната на руската вакцина

2,472

Лука Чичин Шаин, вирусен имунолог од Центарот за инфективни истражувања Брауншвајг во Германија, зборивал за вакцините против коронавирусот и вели дека руската вакцина Спутник V има едне голем недостаток.

Говорејќи за руската вакцина, Чичин Шаин вели дека научниците се уште ги мачи зошто не се достапни резултатите од клиничките истражувања.






– Транспарентноста се уште не е доволно добра за да знаеме како тоа одело. Тие тврадат дека има малку нуспојави, што изненадува бидејќи за очекување е да е како кај АстраЗенека – вели Чичин Шаин.

– Има една предност, користат комбинација од два аденовируси, тоа се формулации кои ги користат во Џонсон и Џонсон и некои кинески вакцини. Кога ќе го комбинирате едниот и другиот, кога ќе дадете втора доза го зајакнувате имонолошкиот одговор кој целно оди на тоа што се поклопува во тие две вакцини, тоа е тој „Спајк протеин“ од коронавирусот и тогаш вакцината е многу посилна. Тоа што е голем недостаток на руската вакцина е тоа дека во двата аденовируси 25 и 26 хумани аденовируси, кои знаат да направат сериозни проблеми кај луѓето кои се имунокомпромитирани. Кај нив аденовирусната инфекција знае да биде смртоносна. Тоа е вакцина која доаѓа со уште поголем ризик, за здравиот човек веројатно ќе нема проблем – вели Чичин Шаин.

Поврзани содржини