Ќерката на Моника Белучи блесна на насловната на престижниот магазин, со својата убавина го засени модниот свет ФОТО
Дева Касел, 16-годишната ќерка на поранешните сопружници Моника Белучи (56) и Винсент Касел (54), осамна на насловната страница на француското издание на магазинот „Eл“.
Славната италијанска актерка не крие колку е горда на својата ќерка, па насловната страница на која е Дева ја објави и на својот инстаграм-профил.
„Уште една прекрасна насловна страница оваа недела за мојата Дева“, напишала Моника под фотографијата.
„Прекрасна, како и нејзината мајка“, „Исти сте“, „Прекрасна девојка“, „Каква мајка, таква ќерка“, „Совршена“, се само некои од коментарите што се нижеле.
На Дева многумина ѝ предвидуваат успешна кариера на модел, а славното дизајнерско дуо „Долче и Габана“ ја прогласи за своја муза.
Убавата Дева снимала уште една насловна страница за престижното модно списание, чие издание го красеше во октомври 2020 година.
Некогашниот пар Моника и Винсент од својот брак покрај Дева ја имаат и помладата ќерка Леона.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм