ВМРО-ДПМНЕ: Заев не може да го усогласи директорот со заменик-директорот на Завод за статистика, а не да го попише населението

Пописот како што го замислува Заев е без консензус од нацијата и експертите и без методологија. Пописот на Заев само ја заглавува Македонија во проблеми, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

406

Власта дезориентирана, Заев не може да го усогласи директорот со заменик директорот на Статистика, а не пак да го попише населението. Од авион се гледа дека пописот се турка аматерски и поради политички причини, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Самата институција Државниот завод за статистика е во клинч сама со себе. Директорот на статистика со спротивен став во однос на заменик директорот кои имаат различно мислење за попишување на дијаспората и нивните верски чувства. Едниот вели ќе се диктираат од страна на роднините, другиот вели тоа не е можно. Доколку институцијата која треба да го спроведе пописот, на само два месеци пред истиот не може да заземе конечен став во однос на истиот, тогаш како да очекуваме сериозност и професионалност?! Како очекува Заев граѓаните да веруваат во пописот, кога институциите со кои управуваат негови кадри не се усогласени?! Туркање на насилен попис е штетен за државата и нема да ја даде реалната слика за населението и сите други значајни податоци. Сите држави во опкружувањето и светот кои имаа планирано пописи ги одложија за 2022 година, само Заев го турка на сила во пролет, без разлика на пандемијата во која се наоѓаме“, се вели во соопштението.






Попис во ек на пандемија е против граѓаните и на штета на нивното здравје, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Единствена алтернатива е поништување на актуелниот Закон за попис и спроведување на електронски попис. Секое противење од страна на СДСМ за одложување на пописот е на штета на народот и само во полза на нивниот коалиционен договор. Пописот како што го замислува Заев е без консензус од нацијата и експертите и без методологија. Пописот на Заев само ја заглавува Македонија во проблеми“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини