Лех Валенса го предложи Навални за Нобелова награда за мир
Навални денеска се бори за идеалите на демократијата а против тоталитарниот систем, смета Валенса кој исто така на чело на независниот синдикат Солидарност во Полска се борел против комунистичката власт, за што доби Нобелова награда за мир во 1983 година.
Поранешниот полски претседател и некогашен легендарен водач на отпорот на Пољаците, Лех Валенса, го предожил рускиот опозициски активист Алексеј Навални за Нобелова награда за мир, јавуваат полски медиуми.
– Се радувам дека можам да го предложам Алексеј Навални за Нобелова награда за мир за 2020 година како признание за неговата храброст и за напорите во објавување на корупција, за одбрана на политичкиот плурализам и за отпорот против сѐ поавторитарниот режим на Руската Федерација – пренесува полскиот весник Газета виборча делови од писмото кое Валенса го упатил до Нобеловиот комитет.