Каракачанов: Македонија може во ЕУ само ако се спои со Бугарија или стане албанска провинција
Има иднина, јас сум зборувал со повеќе скопски политичари и им кажувам дека имаат две алтернативи. Едната е за 20 години да се приклучат кон Албанија и да станат албанска провинција, а другата е европска интеграција нормално во рамките на една бугарска држава - вели Каракачанов.
На социјалните мрежи се споделува старо интервју на сегашниот вицепремиер и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, во кое тој зборува за условот Македонија да стане дел од европското семејство.
Тој вели дека Македонија би била дел од ЕУ само доколку стане албанска провинција или, пак, ако се приклучи кон Бугарија.
– Има иднина, јас сум зборувал со повеќе скопски политичари и им кажувам дека имаат две алтернативи. Едната е за 20 години да се приклучат кон Албанија и да станат албанска провинција, а другата е европска интеграција нормално во рамките на една бугарска држава – вели Каракачанов.
Во продолжение, погледнете го видеото кое е објавено пред десетина години: