Кривичниот суд треба да реши уште 1.004 од старите предмети
Лани во судот имало 3 013 предмети постари од две години, од нив решени се 2 009 предмети, а останале 1 004 нерешени предмети.
Основниот кривичен суд Скопје лани го надминал приливот на предмети и го намалил заостатокот на нерешени предмети што е показател на ажурноста на судот, изјави претседателот на судот Иван Џолев на денешниот брифинг со претставниците на медиумите и невладините организации .
Говорејќи за последните статистички податоци за работата на судиите, тој посочи дека минатата година Кривичниот суд ја започнал со 20 380 предмети од претходната година, 43 080 ново примени предмети, или вкупно 63 460 предмети во работа.
Џолев рече дека се решени 44 040 предмети, а во работа останале уште 19 420 предмети.
Од старите предмети, што се постари од две години, како што беше речено на брифингот, вкупно во работа имало 3 013 предмети, од нив решени се 2 009 предмети, а останале 1 004 нерешени предмети.