Поцкова: Филипче прво сакаше европско-американски вакцини, па се сврте кон кинеските, ама уште нема никакви

Претеничката вели дека сите земји добија по неколку тури вакцини, и различни видови на вакцини, а  овде граѓаните не можат да видат никаква вакцина.

542

ВМРО-ДПМНЕ и денеска побара одговорност од министерот за здравство Венко Филипче поради необезбедување вакцини против коронавирусот.

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Јадранка Поцкова вели дека министерот нема ориентација која вакцина треба да ја увезе земјава, но затоа пак тврди дека е набавена  „најсофистицираната терапија на антитела за ковид пациенти“ и има доволно од лекот вермектин.






– Чекајќи ги вакцините, последно министерот за здравство Филипче се најде пред  вратата на Кинезите. А, самиот тој пред две недели јасно кажа дека одлуката паднала да се даде приоритет на вакцините од Европска медицинска агенција и американската Агенција за лекови. Но, оваа изјава кратко траеше, па така по една недела тој се најде пред вратата на Кинезите и одеднаш одлучи дека и оваа вакцина има сосема соодветни документи, или сертификати. Тој рече дека „сите производители на вакцини ги имаат сертификатите од своите матични земји и оваа исто така нема никаква административна пречка, ниту сомнеж за квалитетот“.Со каква леснотија министерот Филипче ги менува изјавите. Прво вели ги преферираме овие, ама потоа вели и за другите нема никаква административна пречка, ниту сомнеж во квалитетот – изјави на прес-конференција Поцкова.

Таа потсети дека министерот во октомври лани најави дека ќе има навреме вакцини, но сега ги нема.

– Сите земји добија по неколку тури вакцини, и различни видови на вакцини, а  овде граѓаните не можат да видат никаква вакцина. Се најавуваа вакцини од КОВАКС, па од соседи, па од директни договори со производителите, ама нема ништо. Излезе само вест дека докторка од Македонија сама отишла да се вакцинира во Србија, и на тоа имала право затоа што работела таму.Мисли ли министерот Филипче на граѓаните, мисли ли воопшто на медицинскиот персонал кој е во првите борбени редови? – праша Поцкова.

Таа смета дека за ваквата ситуација министерот треба да понесе одговорност.

 

Поврзани содржини