Де Хеа: Сакам бидам лидер на Јунтајтед, знам како е да се освојуваат титули тука

Шпанецот со Манчестер јунајтед ги има освоено Премиер лигата, ФА купот и Лига купот на Англија, како и три трофеи во Суперкупот.

267

Голманот на Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа изјави дека се обидува да покаже лидерски квалитети на натпреварите на „Црвените ѓаволи“.

– Се обидувам да го водам тимот и да бидам лидер. Младите момци може да ме погледнат и да помислат дека сум тука толку долго, играв многу натпревари. Мислам дека најважно е да се демонстрира искуството стекнато на теренот, обидувајќи се да му помогнам на тимот. Се обидувам да направам тешки одбрани и да тренирам напорно. Работата на тренинзите е многу важна, дава многу. Имам искуство за освојување големи титули во клубот. Јас сум запознат со ова чувство. Оваа година имаме можност да го земеме трофејот – истакна Де Хеа.






Шпанецот со Манчестер јунајтед ги има освоено Премиер лигата, ФА купот и Лига купот на Англија, како и три трофеи во Суперкупот.

Покрај тоа, тој стана победник во Лигата на Европа.

Поврзани содржини