Green Machines на велешки „Брако“ го чистеше дворот на Белата куќа пред инаугурација на Бајден

Од Брако велат дека машината не е случајно таму, бидејќи Green Machines веќе подолго време ги извезува овие производи на американскиот пазар.

2,559

Во подготовките на Белата куќа за денешната инаугурација на новиот американски претседател Џо Бајден, дворот на американските претседатели се чистеше со возило на Green Mаchines, кое е дел од гамата на производи на велешки „Брако“. Ова е доказ за квалитеот на овие производи, кои се заштите знак на Green Machines, компанијата чиј сопственик е велешкиот гигант.

Од „Брако“ велат дека машината не е случајно таму, бидејќи Green Machines веќе подолго време ги извезува овие производи на американскиот пазар. Се работи за возилото GM500ze, кој е првиот целосно електричен чистач на отворени површини во светот.






Возилото на Green Machines се најде на фотографија која илустрира текст посветен на подготовката на денешната инаугурација на новиот американски претседтел Џо Бајден, кој го објави престижниот Politico.

Овие возила на Green Mаchines се дел и од холивудски блокбастери, а се појавуваат и во сцени од научно-фантастичните филмови „Man In Black 3“ и „Star Wars: Episode I – The Phantom Menace“.

 

Поврзани содржини