Јанкулоска: За уништување на опремата дознав кога СЈО го отвори предметот „Тврдина“

501

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска на сведочењето за случајот „Таргет-Тврдина“ рече дека не знаела што потпишува кога во УБК била формирана комисијата што ја уништи опремата за прислушувањето.

Јанкуловска е обвинета во овој предмет во делот за уништувањето на опремата, односно во делот од случајот „Тврдина“, кој потоа беше споен со предметот „Таргет“ за прислушувањето.






– До вакви сознанија дојдов кога СЈО го отвори предметот „Тврдина„ кој се однесува на уништувањето на опремата. Од оваа перспектива, гледајќи ги писмените документи, без да се имаат предвид изјавите на сведоците, невозможно е да се препознае за што точно станува збор во таа постапка каде што била уништена опремата – рече Јанкулоска.

Таа додаде дека Комисијата и нејзините членови се должни да ги почитуваат правните стандарди и дека тие имале голема одговорност.

– Кога стануваат членови, одговорноста е исклучително нивна. Со самото решение со кое се дава задачата, се дава правото да се одлучува, но и одговорност за тоа каква ќе биде одлуката – рече Јанкулоска.

Поврзани содржини