Двете пејачки го поддржуваа Бајден за време на претседателската кампања, додека Бајден ја нарече Леди Гага „голема пријателка“, а таа настапи на неговиот последен предизборен митинг.
Поп ѕвездите ќе учествуваат на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Џозеф Бајден на 20 јануари во Вашингтон, а целата церемонија ќе биде во поинаква атмносфера поради пандемијата од коронавирусот и засилената безбедност по насилството во Капитол хил.
Леди Гага ја ќе ја пее американската химна на скалите на Капитол хил, а потоа латино дивата Џенифер Лопез ќе оддржи „музички перформанс“ соопшти организацискиот одбор на инаугурацијата.
За време на изборната претседателска кампање двете светски ѕвезди го поддржаа Бајден. Новиот претседател на САД Бајден, Лејди Гага ја нарече своја „голема пријателка“, таа настапи и на неговиот последен предизборен митинг.
Гага и Бајден соработуваа пред четири години во кампањата против сексуалното вознемирување.