Актерката Џесика Кемпбел почина на 38-годишна возраст. Кемпбел ѝ е најмногу позната на публиката по улогата во филмот „Избори“.
Семејството на актерката ја објави веста за нејзината смрт. Кемпбел се повлече од актерството за да ѝ се посвети на неврохирургијата.
Трагичниот настан се случил за време на нејзината посета на пациентите во текот на праксата.
Актерката се онесвестила, а лекарите не можеле да ѝ помогнат. Причината за смртта е непозната.
Првата улога Кемпбел ја имаше во 1992 година, кога играше заедно со Сара Џесика Паркер во серијата „Она што е најдобро за децата“, а потоа имаше забележителна улога во филмот „Избори“ покрај Метју Бродерик и Рис Витерспун.
Со неа се прости и актерката Рис Витерспун.
„Моето срце е скршено. Ми беше задоволство да работам со неа”, напиша таа на Твитер.
Џесика Кемпбел зад себе остави десетгодишен син.
ФОТО: Instagram/Јessk