Во ковид центрите се лекуваат 766 пациенти

210

Во болниците низ земјава и на инфективните одделенија во Скопје се лекуваат 766 пацинети позитивни и суспектни на коронавирусот, а во текот на вчерашниот ден во ковид-центрите во Скопје биле хоспитализирани нови 34 пациенти.

Од Министерството за здравство оценуваат дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен  и наведуваат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород и дека има околу 450 празни болнички кревети во ковид-центрите.






Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86150, бројката на оздравени пациенти е 67164, на починати е 2614, а бројот на активни случаи изнесува 16372. Според досега завршените епидемиолошки анализи во Скопје има имајмногу активи 10017 лица.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 766 и има околу 450 празни болнички кревети во ковид центрите.

 

Вчера во  ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 426 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

На инфективните одделенија во Скопје се лекуват 338 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19, а вчера биле примени 34 нови пациенти. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.скс/
Поврзани содржини