Облачно со врнежи, повремено поројни

301

Времето во земјата денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во северните и северозападните делови каде локално се очекува да наврнат и над 30 л/м2. Врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со засилен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 70 км/час.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 5 до 13 степени.






Во Скопје, времето ќе биде облачно со пообилни, повремено поројни врнежи од дожд, особено претпладне. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 6 степени.

Облачно време со врнежи од дожд на места пообилни и поројни, проследени со засилен ветер, ќе се задржи и утре.

Поврзани содржини