ВМРО-ДПМНЕ: Додека Заев јаде со златен прибор, половина милион граѓани живеат во сиромаштија
За тоа колку е одлепен од реалноста кланот Заеви покажува фактот што додека тие користат златен прибор, народот собира донации за лекување на свои сограѓани, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Зоран Заев и фамилијата Заеви бесрамно се исмејуваат со народот. Додека луѓето тонат во сиромаштија, Заеви јадат со златен прибор кој чини колку полугодишните приходи на едно просечно семејство, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
„Заеви јадат со златни лажички додека половина милион граѓани живеат во сиромаштија со само 2 евра дневно. Око не му трепнува на Зоран Заев што 54.000 лица останаа без работа во последната година, а уште 50.000 други граѓани нередовно земаат плата.
Заев руча со луксузен златен прибор, а државата ја задолжи за 1 милијарда евра за едно тромесечие, буџетската дупка ја направи 920 милиони евра, а дозволи да пропаднат 200 милиони евра на физички и правни лица во скандалозната ликвидација на Еуростандард банка.
За тоа колку е одлепен од реалноста кланот Заеви покажува фактот што додека тие користат златен прибор, народот собира донации за лекување на свои сограѓани. Врв на безобразие е луксузот на Заеви во сред епидемија кога скоро 2.500 лица починаа, а 85.000 се заразија“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.