Каракачанов повторно се заканува: Македонија уште долго ќе чека пред портите на ЕУ
Тие претендираат кон бугарска историја, без притоа да упатат јавно извинување за вознемирувањето на Бугарите - посочи Каракачанов.
Во денешното телевизиско гостување на БТВ, бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов рече дека Македонија уште долго време ќе чека пред портите на ЕУ доколку и понатаму продолжи да се однесува како држава која ѝ е ментор на Бугарија.
– Бугарија има право да побара да се исполнат некои услови од земјите кои се кандидатки за членство во Унијата. Меѓу нив, секако е прашањето за нашата национална сигурност. Нема да можеме понатаму со инаетот кој го гледаме во Скопје. Тие велат „ние сакаме“, но и јас можеби сакам многу работи, ама не можам да сакам нешто што не е мое. Тие претендираат кон бугарска историја, без притоа да упатат јавно извинување за вознемирувањето на Бугарите – посочи Каракачанов.