Трагедија во БиХ: Осуммина млади загинаа од труење со плин на дочекот на Новата година

Медиумите наведуваат дека тие биле средношколци од четврт клас и студенти. Дневни аваз дознава дека загинале четири момчиња и четири девојчиња.

612

Невидена несреќа се случила во куќа во близина на езерото Трибистово, каде осум млади луѓе од местата Ракитно и Посушје ја чекале Новата година.

– Вистина е. Осум млади луѓе загинаа – потврди Министерството за внатрешни работи на округот Западна Херцеговина. Полицијата добила повик во 22 часот.






Медиумите наведуваат дека тие биле средношколци од четврт клас и студенти. Дневни аваз дознава дека загинале четири момчиња и четири девојчиња.

Полицијата, обвинител и другите служби се на терен, спроведуваат истрага и ги утврдуваат причините за несреќата.

Според неофицијални наводи, младите најверојатно биле задушени од гас од генераторот што ја снабдувал куќата со електрична енергија.

Градоначалникот на Посушје Анте Бегиќ изрази сочувство до семејствата на жртвите.

– По повод трагедијата во која синоќа во Посушје згаснаа осум млади животи, изразуваме најискрено сочувство до семејствата на жртвите. Исто така, ги замолуваме сите сопственици на ресторани да престанат да работат во знак на почит кон жртвите – се вели на веб-страницата на општината.

Поврзани содржини