Пендаровски: Треба да се вакцинира државно-политичкиот врв и не може шарлатани на социјалните мрежи да зборуваат за чипирање

Според него, сите кои имаат влијание во своите средини треба да се вакцинираат за да покажат дека граѓаните нема од што да се плашат.

571

Во вечерашното интервју на МРТ, претседателот Стево Пендаровски истакна дека  сите од државно-политичко врв треба да се вакцинира.

Според него, сите кои имаат влијание во своите средини треба да се вакцинираат за да покажат дека граѓаните нема од што да се плашат.






– Не би сакал да бидам баш прв, зашто пред мене има здравствени работници кои директно работат со заразените и се разбира не би сакал ако првата квота е лимитирана, не би сакал да земам од нивната квота. Меѓутоа, во оној момент кога ќе се процени дека има доволно за сите здравствени работници, и оние кои се на првата линија на фронтот, се разбира јас сум тука да го направам со целото мое семејство – рече Пендаровски.

Вели дека недозволено е за една држава на социјалните мрежи и традиционалните медиуми да доминираат луѓе кои не се доктори и кои не се експерти за пандемијата.

– Тоа е исто како јас да ви кажувам за 5Г, ако сум јас претседател. 5Г, Бил Гејтс, сите тие комбинации и конспирации сте ги слушале, но јас не се разбирам од таа работа – вели Пендаровски.

Појаснува дека вакцините кои граѓаните ширум светот треба да ги примат се резултат на испитувања кои траат со месеци од страна на најголемите имови кои светот ги има.

– Не можете да го негирате тоа и да го ставите во еднаква позиција со некои шарлантани на социјалните мрежи кои не се доктори и ни кажуваат дека тоа е чипирање на луѓето. Одбивам таква дебата, во 21 век мораме да ја слушаме струката и науката – вели Пендаровски.

Поврзани содржини