Мицкоски: Јас да сум на местото на Заев би ги напуштил преговорите и би го стопирал договорот со Бугарија

Замислете што ќе се случува  во регионот во иднина кога ќе треба и другите земји да стануваат земји-членки на ЕУ. Зарем вака ќе се уценуваме? - рече Мицкоски.

1,922

Јас да сум на местото на Зоран Заев би ги напуштил преговорите со Бугарија, бидејќи нивните барања се потполно неприфатливи, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во „Што не е јасно“ на Алфа ТВ.

– Апсолутно би ги напуштил преговорите и би го напуштил самиот договор, бидејќи ваквиот договор не нуди решение, туку создава дополнителни проблеми. Замислете што ќе се случува  во регионот во иднина кога ќе треба и другите земји да стануваат земји-членки на ЕУ. Зарем вака ќе се уценуваме? – рече Мицкоски.






Ние постојано губиме и ништо не добиваме, додаде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

– Пред некој ден слушав изјави од Заев, од Шекеринска и од другите политичари на СДСМ, кои во минатото ветуваа прием во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ без промена на уставното име. Што се случи во меѓувреме? Ние денес имаме насилна, талибанска власт. И ништо друго не добивме – посочи Мицкоски.

Поврзани содржини