Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов има склучено договор за консултации со адвокатското друштво на адвокатот Петре Шилегов, за сума од 50.000 денари месечно. Тоа што градоначалникот Шилегов денеска не го кажа е дека е констатиран судир на интереси од ДКСК, реагира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, на прес конеренцијата на Шилегов на која градоначалникот демантира дека пари од градот легнуваат на негова сметка како адвокат.
– Оттука, прашуваме зошто е констатиран судир на интереси и што всушност е основа за корупција, односно криминал, ако е така како што вели Шилегов односно дека е се чисто? Подобро Шилегов да размисли за уште една прес конференција за утре, бидејќи јас за утре најавувам дека ќе бидат презентирани документи за овој констатиран судир на интереси од страна на Антикорупциската комисија – рече Стоилковски.