Роби Вилијамс: Ќе умрев од труење, лекарот рече дека никогаш тоа не го видел

1,039

Пејачот Роби Вилијамс откри дека за малку ќе умрел од труење со жива откако изел премногу риба. Вилијамс стана веган во 2017 година, а од неодамна започнал повторно да воведува риба и месни производи во својата исхрана.

Меѓутоа, при неодамнешната контрола дознал дека има труење со жива поради прекумерното консумирање морски плодови.






– Јадев риба два пати на ден и затоа завршив со најголемото труење со жива што некогаш го видел мојот доктор – рекол Роби во интервју за „Радио Икс“.

Иако не сакал да оди на лекар, неговата сопруга Ајда Филд со сила го натерала.

– Отидов на лекар, бидејќи мојата сопруга е голем паничар и постојано ми тераше да направам некакви анализи. И, му благодарам на Бог, жив сум благодарение на тоа. Можев да умрам од труење со жива и арсен – изјавил Роби, додавајќи дека веднаш наредниот ден се вратил на растителната исхрана.

 

Поврзани содржини