СОНК: Да не се брза со спојување на предметите и да нема отпуштање на наставниците
Претседателот на СОНК, Јаким Неделков вели дека треба првин да се направи пробен проект па потоа да се спроведе реформата.
Синдикатот за образование СОНК апелира Министерството да не брза со спроведувањето на планот за спојување предмети. Пред тоа предлагаат проебен проект, да се видат резултатите па потоа да се направи реформата.
Претседателот на СОНК, Јаким Неделков вели дека сѐ уште не се знае како ќе се организираат часовите., но вели дека е најважно ниту еден наставник да не остане без работа.
-Тој еден наставен предмет, интеграцијата би била на пример, ако се четири наставни предмети со колку проценти би влегле овие наставни предмети? Колку тоа би биле во фондот на наставни часови на еден наставник и дали тоа ќе биде важно за формирање на генералната оценка на оценка што е исто така многу важно – вели Неделковски во изјава за Сител.
Предложените реформи за основното образование предвидуваат формирање два предмети – општествени науки во кои ќе се спојат историја географија и граѓанско и природни со групирање на хемија, физика, биологија и географија.