Заев: Премиерот на Естонија ми е пријател, ќе ни даде сè што треба за дигитализација

8,840

Откако почна решавањата на несогласувањата со соседите, нашиот јазик и идентитет доживуваат афирмација, како никогаш порано, изјави премиерот Зоран Заев во интеревју на Телма, вечерва.

– Денес, како никогаш порано е заштитен македонскиот јазик, македонскиот народ и нашиот македонски идентитет, и тоа се постигна доминантно низ афирмацијата на преговорите со Бугарија и денеска со личната карта која што ја имаме во ООН. Кога се зборело толку за Македонци, за македонски јазик и слично? Никогаш, и плус тоа е загарантиран – рече Заев, говорејќи дека државата нема друга алтернатива и мора посветено да работи на европскиот пат.






Во тој контекст посочи дека неколку проекти ќе ја донесат Европа во земјава.

– Ние дома ќе продолжиме со реформите, ќе работиме, ќе ја повикаме Холандија да работи со нас на правниот систем, ќе ја повикаме Германија да работи во економскиот систем. Премиерот на Естонија ми е пријател, ќе ни даде се што треба за дигитализација на Македонија. ЕУ е филозофија, европеизацијата е клучна дома, поглавјата, актите, преадаптација на нашето законодавство, менување на менталниот склоп на нашиот народ – рече Заев.

Поврзани содржини