Елиф Елмас се сели во Англија? Добил понуда од 23 милиони фунти!
Како што објавија дел од италијанските медиуми, клубот еднаш веќе испратил понуда за Елмас вредна 23 милиони фунти, но газдата на Наполи, Аурелио де Лаурентис, експресно ја одбил понудата.
Постои шанса македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас да го напушти Наполи во текот на зимскиот преоден рок и да се префрли во некој друг клуб. Засега, најзаинтересиран за услугите на нашиот „дијамант“ е клубот каде што игра Џани Алиоски, премиерлигашот Лидс.
Како што објавија дел од италијанските медиуми, клубот еднаш веќе испратил понуда за Елмас вредна 23 милиони фунти, но газдата на Наполи, Аурелио де Лаурентис, експресно ја одбил понудата.
Сега се очекува премиерлигашот да испрати нова поголема понуда, а се шпекулира дека клубот од Неапол би попуштил само доколку станува збор за сума од над 30 милиони евра.
Освен Лидс, како можни следни дестинации на Елмас се спомнуваат и Борусија Дортмунд, Борусија Менхенгладбах, Ред Бул Лајпциг, како и Бенфика.