Полицаец заработил неколку кривични пријави, односно лажел дека му се украдени регистарските таблички, не платил за увоз на возило и автомобилот го возел нерегистрирн, соопшти МВР.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР во содејство со полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода полицискиот службеник М.С. поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривични дела „фалсификување исправа“ по член 378, „употреба на исправа со невистинита содржина“ по член 380 и „давање лажен исказ“ по член 367 од Кривичниот законик.
– Полицаецот откако набавил возило од странство без да ги подмири давачките за увоз на возилото, прикачил регистерски таблички кои претходно ги одјавил со дадена писмена изјава дека му се украдени и таквото возило подолго време го управувал во сообраќај нерегистрирано. По документирање на случајот до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава против полицискиот службеник и тој е суспендиран и поведена е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност – велат од МВР.