Здравјето на Берлускони се влоши по ковид-19

Лекарите препорачуваат целосен одмор, без движење и без работа, објасни неговиот адвокат.

716

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони треба да се одмори дома откако во септември се избори со ковид-19. Според еден од неговите адвокати, Федерико Чекони, состојбата на 84-годишниот политичар е влошена.

– Лекарите препорачуваат целосен одмор, без движење и без работа, објасни тој.






Во исто време, портпаролот на Берлускони за ТАСС изјави дека состојбата на поранешниот премиер е задоволителна, но му требаат „неколку дена одмор“.

На почетокот на септември, на италијанскиот политичар му беше дијагностицирана билатерална пневмонија и лекарите решија да го хоспитализираат. На 14 септември Берлускони беше отпуштен од болницата и призна дека во одреден момент се чувствувал лошо и се плашел за својот живот.

Поврзани содржини