Јанкулоски: Мораме да го сопреме тргувањето со македонскиот јазик, идентитет и историја
Тој ги повика пратениците од опозицијата да ја блокираатработата во Собранието за да се спречи тоа што се подготвува - да се уништи Македонија и да се уништи сѐ што е македонско.
Денес сме тука сите заедно во еден глас да побараме оставка и да кажеме доста е. Доста беше со предавство и распродажба на Македонија и сѐ што е македонско. Но, да се разбереме проблемот е само дома, дома и нигде на друго место. Не е ниту во Бугарија, ниту во Грција, ниту во ЕУ, туку проблемот е, и се вика Зоран Заев, рече Живко Јанкулоски, претседател на ПОДЕМ на протестот на ВМРО-ДПМНЕ.
– Мораме да го запреме на секаков начин во намерата да го тргува македонскиот јазик, идентитет и историја. Обезличени и со свиткана кичма за да ги отпочнеме преговорите со ЕУ кои имам впечаток дека за жал, никогаш нема да завршат. Како такви без идентитет јазик и историја, ниту нас ни е потребна Европска унија, а ниту ние им требаме на Европската унија. Затоа, почитувани граѓани на Република Македонија, мораме да се обединиме. Мораме да се обединиме и ништо друго не ни преостанува. Во интерес на сите без разлика на вера, партија, сите кои што си ја сакаме Македонија, е обединети да го запреме ова зло во неговата намера за предавство и распродажба на Македонија и се што е македонско – рече Јанкулоски.
Тој додаде дека не останало ништо ниту од буџет, ниту од економија, дека имало секојдневно афери и секој ден се слушал по некој „Рекет“. Дека е партизирано судството, затворени се невини луѓе по затвори, се служат со нарачани пресуди.
– Здравството и ковид, први сме во светот за жал. Први сме и никако да им текне да си дадат оставка. Да си даде оставка и министерот Филипче и да дојди некој друг, да ги преземе мерките, да не заштити сите нас. Веќе сме држава со над просечно 40 смртни случаи дневно и над илјада заразени. Први сме во светот, водечко оро водиме во однос на ковид. Имаме над 45 илјади отпуштања од работа и не се гледа крајот на ваквата политика и тоа за овој краток временски период и при потрошени над милијарда денари. Затоа уште еднаш ги повикувам сите, и оние што се тука и оние кои сѐ уште не се приклучиле во обединувањето, пратениците кои се во власта, коалиционите пратеници во мнозинството. На сите заедно пред сѐ да им биде државата. Да побараме оставка, да се изгласа недоверба, да се формира експертска влада со цел да се организираат предвремени парламентарни избори во моментот кога ќе се создадат поволни здравствени услови – порача Јанкулоски.
Тој ги повика пратениците од опозицијата да ја блокираатработата во Собранието за да се спречи тоа што се подготвува – да се уништи Македонија и да се уништи сѐ што е македонско.