Никол Кидман: Се затворивме во куќата и го правевме она што ни беше кажано

1,485

Актерката Никол Кидман отворено зборувала за влијанието на пандемијата на коронавирус врз нејзините деца и за тоа како сите го издржале карантинот.

Никол Кидман (53) изјави за британското издание на магазинот „Гламур“ дека нејзините ќерки Сандеј Роуз (12) и Фејт Маргарет (9) на некој начин се навикнати на виртуелно учење затоа што често патуваат поради работата на своите родители, а од истата причина не можат редовно да се гледаат со пријателите.






– Поради тоа што често патуваме, а не сакаме да бидеме разделени, нашите деца се навикнаа да следат настава онлајн, но она што им е тешко е физичката дистанца – вели Никол Кидман, која има уште две деца со поранешниот сопруг Том Круз, синот Конор (25) и ќерката Изабела (27).

Никол вели дека дванаесетгодишно дете ја доживува пандемијата како неможност да стапи во контакт со пријателите, а на деветгодишно дете му е тешко бидејќи во тек е неговото социјално формирање.

– Една од најтешките работи е кога ги гледате своите деца како копнеат по пријателите – искрена е Никол и додава дека гледајќи ги нив почнува да копнее по своите пријатели.

Никол Кидман претходно раскажа како нејзината сестра Антонија, со своите три деца, се преселила кај неа кога ја снимала серијата во Австралија и дека куќата во тоа време била целосно полна.

– Сакам деца. Повеќе ги сакам децата од возрасните. Сакам децата да бидат постојано тука и во тоа време во куќата имаше пет деца. Кит отиде во Нешвил за да сними албум, па сестра ми дојде да ми помага – вели Никол.

Актерката вели дека перспективата на децата не е воопшто тешка и дека затоа сè е забавно со нив, пишува магазинот „Пипл“.

Никол Кидман неодамна објасни во интервјуто за „Дејли телеграф“ како нејзиното семејство успеало да остане здраво за време на карантинот.

– Се навивавме во куќата и го направивме она што ни беше кажано. Ги гледавме нашите пријатели како одат до пеколот и се враќаат назад и видовме дека целиот свет е погоден. Кит и јас постојано се прашувавме дали сето ова навистина се случува – заклучува Никол.

 

 

Поврзани содржини