Секој што сака да волонтира во ковид-центрите да се пријави кај д-р Докиќ
Д-р Докиќ ќе го координира ангажирањето на волонотерите. За таа цел, секој што е способен и подготвен да помогне, да волонтира, треба да му се обрати на д-р Докиќ на неговата и-мејл адреса [email protected]
Секој што сака да волонтира со почитување на сите заштитни протоколи во ковид центрите може да се пријави кај д-р Дејан Докиќ, кој е одговорен за менаџирање на интерните клиники во Скопје кои од неодамна се претворија во болници за пациенти позитивни на коронавирусот.
За иницијативата информира новинарот Бранко Героски на својот профил на Фејсбук.
„Во Клиничкиот центар во Скопје нема доволно персонал и за извршување на најбанални задачи кои можат да им го олеснат животот на пациентите во ковид-центрите. Навистина е страшно да се слушне дека на луѓето често нема кој да им однесе вода и храна, нема кој да ги превезе со лифт или со количка и слично. Со нашиот угледен пулмолог д-р Дејан Докиќ дојдовме до идеја здрави лица што прележале ковид-19, луѓе во добра физичка и психичка кондиција, мотивирани да помогнат, да се вклучат во борбата како волонтери. Секако, секој волонтер би добил соодветна заштитна опрема и би се однесувал според стандардните протоколи кои важат за сиот медицински персонал и гарантираат целосна безбедност“, напиша Героски.
Д-р Докиќ ќе го координира ангажирањето на волонотерите. За таа цел, секој што е способен и подготвен да помогне, да волонтира, треба да му се обрати на д-р Докиќ на неговата и-мејл адреса [email protected]