Штајнакер: Кој ќе го сопре бугарскиот мобинг врз Северна Македонија?
Сега веќе етаблираниот премиер Бојко Борисов неодамна со право потсети на тоа дека неговата партија била основана кон крајот на 2006 со германска помош. Се виде дека и пристапувањето на Бугарија во ЕУ на 1 јануари 2007 нема да го промени фактот дека бугарската влада под водство на премиерот Сергеј Станишев, кој во меѓувреме со години беше претседател на ПСЕ, тоне во незамисливо мочуриште од корупција и криминал, пишува поранешната амбасадорка на СРГ во Македонија.
Барањата на Бугарија кон Северна Македонија се дрзок, ненаучен, нереален и лесно проѕирен внатрешнополитички мотивиран потег. Берлин мора да го притисне својот „пријател“ во Софија, пишува Гудрун Штајнакер, поранешна заменик германска амбасадорка во Бугарија од 2006 до 2009 и амбасадорка на СРГ во денешна Северна Македонија од 2011 до 2014, како и соработничка на германската амбасада во Норвешка од 1991 до 1995.