Полицијата со полни раце работа: Обид за обљуба на малолетничка во Скопје, нападнат полицаец, физички пресметки

604

Судир меѓу „рено“ и „рено лагуна“-   На 14.11.2020 во 09,55 часот на регионалниот пат с.Аргулица – Штип, во близина на крстосница за с.Нов Караорман кон Штип, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „рено“ без регистарски ознаки, кое го напуштило местото на настанот и патничко моторно возило „рено лагуна“ со штипски регистарски ознаки, управувано од К.Д.(50) од Штип. По незгодата К.Д. бил пренесен во Клиничка болница Штип, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип и се работи на расчистување на случајот.

Татко пријавил обид за обљуба на ќерка си –  На 14.11.2020 во 20.30 часот во СВР Скопје, 35 годишен жител на Скопје пријавил дека околу 13.30 часот Н.М. во својот дом се обидел да изврши обљуба врз малолетната ќерка на пријавителот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






Нападнат полицаењц во Скопје – На 14.11.2020 во 20.00 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.Ш.(21) и С.Ш., двајцата од Скопје поради постоење основано сомнение за спречување на службено лице при вршење на службени дејства. Против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Физички нападнати малолетници – На 14.11.2020 во 22.40 часот во СВР Скопје, М.М.(40) од Скопје пријавила дека во 21.30 часот во парк на подрачје на Аеродром нејзиниот 15 годишен син бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Истиот ден околу 20.30 часот во СВР Тетово, двајца 17 годишни малолетници од с.Г.Палчиште пријвиле дека пред угостителски објект во с.Д.Палчиште биле физички нападнати од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Струмичанец нападнат од неколку лица – На 14.11.2020 во 17,00 часот во СВР Струмица, Д.К.(60) од Струмица пријавил дека околу 15,00 часот движејќи се кон неговиот дом во близина на хотел во Струмица бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Маж и жена нападнати во Кавадарци – На 14.11.2020 во 18,00 часот во Полициска станица Кавадарци, Х.И.(32) пријавил дека околу 16,30 часот додека заедно со неговата сопруга Е.Н. биле во фирма во кавадаречко село по претходен договор со сопственикот С.Ц.(40) од Кавадарци, настанала расправија по што С.Ц. физички ги нападнал, додека С.Ц. во 18.00 часот во Полициска станица Кавадарци пријавил дека Х.И. и Е.Н. му упатувале закани и навреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во Јегуновце се пресметувале пред обложувалница – На 14.11.2020 во 20,20 часот во Полициско одделение Јегуновце, А.Ц.(20) од с.Јегуновце пријавил дека околу 20,00 часот пред спортска обложувалница во с.Јегуновце тој и Д.М. биле физички нападнати од Р.И. од с.Јегуновце и М.И. од с.Раотинце. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Запалена „мазда“ во Карпош – На 15.11.2020 околу 04,40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Карпош, биле опожарени возило „мазда“, сопственост на В.Т.(49) и возило „цитроен саксо“, сопственост на К.Т. Извршен е увид.

 

Поврзани содржини