Стоилковски: Скопје со Шилегов и Филипче е град на загаден воздух и корона
Четврта зима скопјани нема да имаат воздух, нема да имаат АјроАјро, како што гласеа лагите на власта. Загаденоста руши рекорди, а Скопје е на врвот на листата градови со загаден воздух во светот - вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Добредојдовте во Скопје, градот со најголем број на заразени од корона вирус и најзагаден воздух во светот. Денеска е 13 ноември, ден кога Скопје го слави ослободувањето од Фашистичкиот окупатор!
Денешниот 13 ноември Скопје е повторно заробено во смог и магла полни со отрови и вируси. Скопје е рекордер во светот во отровни гасови и смртоносен вирус, истакна на денешната прес конференција Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
– Четврта зима скопјани нема да имаат воздух, нема да имаат АјроАјро, како што гласеа лагите на власта. Загаденоста руши рекорди, а Скопје е на врвот на листата градови со загаден воздух во светот, со ниво на канцерогени ПМ10 честички и до 7 пати над дозволеното. За тоа придонесува и лично градоначалникот Петре Шилегов, со редуцирање на Јавниот превоз. ЈСП автобусите наместо да бидат главна алтернатива кон почист воздух со помалку автомобили, Шилегов и ЈСП го редуцираа возниот ред, за што повеќе возила на улиците, и поголема емисија на штетни гасови – рече Стоилковски.
Тој потенцираше дека во ретките автобуси е невиден метеж. ЈСП е потенцијално жариште на ковид вирусот. Наместо да го зголеми бројот на линиите, и да се намали гужвата, Шилегов го намалува. Само во главата на Шилегов преполните автобуси на ЈСП не се можен кластер на ковид.
– Во Скопје има лажен мораториум за градба, камиони и камиони тешки градежни машини минуваат низ Скопје создавајќи метеж и дополнително загадување. Скопје денес е град во кој што хронично болните се фрлаат во ризик. Во услови на загаденост и корона епидемија не се ослободуваат од работа, заради Комисијата на Венко Филипче – вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Столковски рече дека Филипче не го интересираат полните автобуси, не го интересира загадениот воздух во Скопје, Филипче не го интересира густиот смог преполн со Корона вирус. За Филипче не е важно тоа што хронично болните се “дават” во смогот на Шилегов. За Филипче не е важно што хронично болните се туркаат во автобусите на Шилегов. Филипче исто како и Шилегов нема план и не знае што е тоа одговорност. На двајцата им е важно шефот да им е среќен.
– Скопје со Филипче и Шилегов денес на овој 13 Ноември е град каде што болниците немаат кревети за болните од ковид. Граѓани со денови чекаат за закажување за тестирање и за добивање на резултати на корона вирусот, додека функционери од власта со врски и преку ред се тестираат.
Денес најјповиканите во Скопје и во државата не работат ништо и со својата неспособност уште толку ја влошуваат целата ситуација. Скопје се дави во загадениот воздух и во вирус, а тоа ќе биде проблем во наредните месеци, не само за хронично болните туку и за сите заради КОВИД пандемијата.
Одговорноста за тоа лежи кај Шилегов и кај Филипче. Ќе повторам, добредојдовте во Скопје, градот со најголем број на заразени од корона вирус и најзагаден воздух во светот – истакна Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.