Филипче: Мал е бројот на случаи во градинките, обично вирусот го носат од надвор

Според него, и светските исксуства се такви, односно многу е мал бројот на деца кои заболуваат и затоа, потсети, беше и препораката градинките да се отворат.

234

Има многу мал број случаи на ковид–19 во градинките, а тоа се обично случаи што го носат вирусот од надвор, информира министерот за здравство Венко Филипче, кој заедно со министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во Поликлиниката Букурешт присуствуваше на предавање на воено санитетски возила од Армијата на времено користење на јавното здравство со цел да се помогне во справувањето со пандемијата и грижата за населението.

Според него, и светските исксуства се такви, односно многу е мал бројот на деца кои заболуваат и затоа, потсети, беше и препораката градинките да се отворат.






– И тогаш и сега анализите покажуваат дека многу мал број деца се практично заболени. Мислам дека беше одлична препорачаната стратегија да се отворат градинките и делумно училиштата – изјави министерот Филипче.

Поврзани содржини