Руперт Гринт, sвездата од ,,Хари Потер”, стана татко во мај, но вчера на Инстаграм го откри името на својата ќерка.
Малото девојче се вика Wednesday (Среда) Г. Гринт, и токму вчера, во среда, актерот својата ќерка му ја претстави на светот. Тој се приклучи на Инстаграм, како што вели, со десет години задоцнење, а на екипата на Твитер не ѝ требало долго за да започне да се потсмева на сметка на името на девојчето.
Некои претпоставуваат дека малечката го добила името по Wednesday Адамс (од филмот „Семејството Адамс“), додека други се збунети и згрозени.
„Знам дека денес е среда, но како се вика ќерката на Руперт Гринт?“
„Честитки, човеку, се прашувам дали намерно ја претстави малата Среда во среда.“
„Дали тој го крстил своето дете Среда или јас сум глупав?
„Од каде го добил бебето, од каде го најде и зошто се вика Среда?
„Руперт Гринт ја нарече својата ќерка Среда , а кога јас тоа име му го дадов на кучето, сите мислеа дека сум идиот“, се само некои од стотиците коментари на Твитер.
Rupert Grint je nazvao kćer Wednesday i 🤩🤩🤩 pic.twitter.com/C0gGiVC8IQ
— Antonia (@LndnSky) November 11, 2020
I know today is Wednesday but what’s the name of Rupert Grint’s daughter?
— Tyler Petty (@TylerJPetty) November 11, 2020
ФОТО: Твитер