Кокошко една! Погледнете како изгледа кога две Црногорки ќе се фатат за гуша (ВИДЕО)
Физичката пресметка заврши со „погодок“ со тетрапак, од кој се излеа млеко наоколу, поливајќи ги невините клиенти кои уредно чекаа ред за на каса.
Двe Црногорки создадоа хаос во супермаркет кога прво се скараа и жестоко се навредуваа, а потоа се фатија за гуша во сред продавница.
Физичката пресметка заврши со „погодок“ со тетрапак, од кој се излеа млеко наоколу, поливајќи ги невините клиенти кои уредно чекаа ред за на каса.
– Кокошко една – и рече едната на другата, обвинувајќи ја дека прво ја навредила. Првата ја навредила втората велејќи и дека е валкана, а втората и рекла да се оддалечи и да стави маска.
Бидејќи правата не се смири и продолжи да провоцира, втората зграби тетрапак со млеко и го фрли кон првата. Кога тетрапакот пукна, млекото се излеа и на сите други што се најдоа таму.
Посилниот пол, се разбира, веднаш се вмеша во кавгата и се обиде да ги раздели, но тие продолжија со навредите што овој пат беа насочени кон мажите.
Конфликтот наводно започнал поради неносење маска, а потоа почнало да се споменува нечија љубовница на нечиј сопруг …