И генералниот директор на СЗО во самоизолација!

331

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адана Гебрејесус, денеска изјави дека оди во самоизолација, затоа што бил во контакт со лице заразено со коронавирусот.

Во пораката објавена на Твитер, Тедрос изјави дека се чувствува добро и нема никакви симптоми, но дека во согласност со протоколите на СЗО, тој ќе оди во самоизолација и ќе работи од дома.






СЗО утрово објави дека Тедрос не е заразен и дека некои медиуми погрешно ја пренесоа веста дека тој се здобил со болеста ковид- 19.

Тој во пораката не објави кој од неговите контакти е заразен.

 

Поврзани содржини