Бројката на заразени денес е 1.085 лица. Постојат нови 1.085 причини Венко Филипче да си поднесе оставка до утре изутрина, побара ВМРО-ДПМНЕ.
„Непостапувањето и непреземањето на мерки е подеднакво лошо, како и лошите мерки. Венко Филипче е одговорен и за едното и за другото. Оставката на Филипче веќе не е политички став, туку нужност за да се спасат животи“ се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Министерството за здравство вечерва објави дека во последното деноноќие 1.085 луѓе се позитивни на ковид-19, а 12 пациенти ја загубиле борбата со вирусот.